Апсењa во Иран за соборувањето на украинскиот авион, „црните кутии“ во Франција

Во Иран се спроведени првите апсења во врска со трагедијата на украинскиот авион, урнат ненамерно од иранската противвоздушна одбрана, соопшти портпаролот на судските власти, Голјамхосеин Есмаили, без да соопшти други поединости.

Есмаили притоа додаде дека „црните кутии се испратени фо Франција за дешифрирање“ на разговорите во кокпитот и записот за летот на соборениот авион,

Трагедијата се случи на 8-ми јануари, кога патничкиот авион на лет од Техеран за Киев на украинската воздухопловна компанија беше соборен набрзо по полетувањето. Загинаа сите 176 патници и членови на екипажот, од кои 167 патници од Иран, Украина, Канада, Германија, Шведска и Авганистан.

Во саботата иранската армија је презема одговорноста за соборувањето на авионот. Според официјалното соопштение, авионот бил соборен случајно за што е одговорен човечкиот фактор, поради завуната дека авионот кој летал во близина на воен објект е „непријателска цел“. Притоа, иранските власти истакнаа дека очекувале одмазнички напади од САД и поради тоа системите за противвоздушна одбрана биле во полна боева готовност.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека очекува од Техеран целосно да се преземе вината, официјално да се извини, да ги казни виновниците и да исплати обештетување.