Уапсени 10 педофили, малолетничките ги мамеле преку Фејсбук

Десет лица од Србија се уапсени во продолжение на акцијата „Армагедон“ поради сомневање дека извршиле кривично дело прикажување, стекнување и поседување на порногафски содржини, како и искористување на малолетни лица за порнографија, пишува Блиц.

Според МВР Србија се уапсени Т.Г. (1957) од Бор, Е.С. (1992) од Тутин, М.Р. (1993) од Нишка Бања, С.С. (1993) од Врање, Б.М. (1952) од Свилајнац, Д.Б. (1970) од Шабац, како и М.Ф. (1970) од Смедерево, Р.Ж. (1959) од Бечеј, Д. М. (1961) од Ужце и З.Ѓ. (1965) од Аранѓеловац, додека кривична пријава доби и 57-годишен маж од Лозница.

Осомничените преку Фејсбук стапиле во контакт со малолетник и од неа барале да се снима и фотографира гола, па потоа да им ги испрати тие снимки и фотографии на Фејсбук.