Апсења во Косовска Митровица поради убиството на Оливер Ивановиќ

Според соопштението на Косовските полициски сили, по налог на надлежен суд извршени се рации во северна Косовска Митровица, а во врска со убиството на Оливер Ивановиќ.

Уапсени  се тројца Срби, наводно заради поврзаност со истрагата за убиството на Ивановиќ, а едно лице е уапсено затоа што давало активен отпор.
Оваа акција доаѓа во светло на затегнатите односи меѓу Белград и Приштина поради економските санкции кон српските производи кои од вчера се оданочуваат со 100 посто повисоки такси.

При апсење е користена сила и шок бомби.

Припадниците на РОСУ, специјални полициски сили на Косово, ги уапсиле Драгиша Марковиќ, Саша Ќурчиќ и Марко Рошиќ, во врска со истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ и уште едно лице кое давало активен отпор.

Закажана е вонредна седница на Владата на Србија, а на пладне протести на косовските Срби во северна Митровица.