Уапсени браќата Мамиќ

Уапсени браќата Мамиќ

Браќата Здравко и Зоран Мамиќ, „алфа и омега“ во хрватскиот фудбалски клуб „Динамо“, денеска се уапсени на границата со Словенија, откако УСКОК побара одредување истражен затвор, јави Фена.

„Откако извршниот претседател на фудбалскиот клуб „Динамо“, Здравко Мамиќ и тренерот Зоран Мамиќ од своиите адвокати дознале дека УСКОК за нив побарал истражен затвор, а заради мир во екипата и во клубот, одлучиле под итно да се вратат ос Словенија во Хрватска, за веднаш, соработувајќи со истражителите, да одговорат на сите прашања со цел докажување на својата невиност“, соопштија денеска од Граѓанскиот фудбалски клуб „Динамо“.

Браќата Мамиќ, се додава , биле запрени на граница и приведени од хрватската полиција, а со нив се нивните адвокати Јадранка Слоковиќ и Чедо Продановиќ.

Во решението за спроведување истрага, објавено доцна синоќа, обвинителството го сомничи извршниот претседател на „Динамо“ Здравко Мамиќ  дека од фудбалскиот клуб незаконски извлекол најмалку 52 милиони куни, а неговиот брат Зоран, го сомничи за „несразмерна корист“ од 38.1 милиони куни.