Аптеките во Истанбул бесплатно делат заштитни маски

17

Истанбулската аптекарска комора и турското Министерство за здравство одлучија бесплатно да дистрибуираат маските на граѓаните во Истанбул.

Според турската веб-страница Хаберлер, граѓаните ќе можат да ги подигнат маските во аптеките според кодовите што ќе ги добијат во СМС пораки.

Носењето маска е една од превентивните мерки препорачани од Министерството за здравство со цел да се спречи ширењето на епидемијата на коронавирусот, така што Комората на аптеки одлучи да ги дистрибуира маските бесплатно на жителите на Истанбул, се вели во соопштението на Комората.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.