ЈАР поднесе тужба во судот на ОН против Израел поради геноцид

Јужноафриканската Република побара во петокот од Меѓународниот суд на правдата (МСП – ICJ) во Хаг итно да прогласи дека Израел ги прекршил своите обврски според Конвецијата за спречување и казнување на геноцид во војната против исламистичкото движење во палестинската енклава Појасот Газа каде што од 7-ми октомври се убиени повеќе од 20.000 цивили, додека Израел го отфрли барањето како „беспредметно“.

„Соодветната апликација беше поднесена до Меѓународниот суд на првдата на ОН на 29-ти декември 2023 година“, се наведува во соопштението на Министерството за меѓународни односи и соработка ((DIRCO) на ЈАР во кое се додава дека се бара судот „итно да изјава дека Израел, грпејќи ги своите обврки од Конвецијата за спречување и казнување геноцид, мора веднаш да престане со сите дејствија што го нарушуваат овој документ и обврските кои произлегуваат од него“.

„Израел од 7-ми октомври 2023 година не спречи геноцид и не не ги процесуирал директно и јавно повикувањето на геноцид“, вели министерството на ЈАР и се бара од МСП и со привремена мерка да побара до Израел да ги запре своите воени операции во Газа.

Јужноафриканската Република може да ја иницира ваквата постапка врз основа на Конвенцијата за геноцид, бидејќи и таа и Израел се потписници на овој документ на Обединетите нации.

„ЈАР е сериозно загрижена за страдањата на цивилното население кои е жртва на тековните израелски напади врз Појасот Газа поради неселективна употреба на сила и принудно раселување на жителите“, се нагласува во документот. „Покрај тоа, продолжуваат извештаите за меѓународни злосторства како што се злосторства против човечноста и воени злосторства, како и извештаи дека биле извршени и може да бидат извршени дела кои се на прагот на геноцид или поврзани со него злосторства, како што е дефинирано во Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот од 1948 година. во контекст на тековниот масакр во Појасот Газа“.

Јужноафриканското министерството укажа и дека земјата постојано осудувала секакво насилство и напади врз сите цивили, вклучително и врз Израелците.

„ЈАР, исто така, постојано повикува на итен и траен прекин на огнот и продолжување на преговорите што ќе стави крај на насилството што произлегува од тековната воена окупација на Палестина. Како држава потписничка на Конвенцијата за спречување и казнување на Злосторство на геноцид, ЈАР има обврска од договорот за одговорност да го спречи геноцидот“, “, се вели во соопштението..

Во соопштението се потсетува и дека на специјален состанок одржан на 8-ми декември 2023 година, јужноафриканската влада се обратила до Хашкиот трибунал со барање на Израел да му се наложи да се воздржи од какви и да се операции што може да претставува геноцид или сродни акти.

Тужбата е последниот потег на ЈАР, која е многу критична за војната на Израел во Газа. Минатиот месец, пратениците на ЈАР гласаа за затворање на израелската амбасада во Преторија и за суспендирање на сите дипломатски односи со еврејската држава додека не се договори прекин на огнот во израелската војна против исламистичката група Хамас во Газа.

Со децении, ЈАР ја поддржува палестинската борба за државност на териториите окупирани од Израел, изедначувајќи ја позицијата на Палестинците со онаа на црното мнозинство во Јужна Африка за време на репресивниот период на апартхејдот, споредба што Израел жестоко ја негира.

Израел го отфрли случајот за геноцид кој го покрена ЈАР пред Меѓународниот суд на правдата како „бесмислена клевета без правна основа“ и порача дека го почитува меѓународното право во војната против Хамас во Газа.

„Јужноафриканската Република соработува со терористичка група која повикува на уништување на Израел. Населението во Газа не е непријател на Израел и Израел се обидува да не им наштети на цивилите“, се тврди во соопштението на Министерството за надворешни работи.