ЈАР претстави јуришен дрон како конкурент на турскиот „Bayraktar“

Јужноафриканскиот холдинг во воената индустрија „Milkor Ltd“ на меѓународниот саем на вооружување Africa Aerospace & Defense (AAD-2022) своето извидувачко и ударно беспилотно летало „ Milkor 380“, кој според неговите дизајнери ќе биде конкурент на турското летало „Bayraktar“ кој веќе покажа одлучни карактеристики на боиштата, како во Нагорно Карабах, Укриана …

На саемот во Преторија првпат е прикажана борбената платформа, која досега само како макета беше презентирана минатата година на саемот на вооружување IDEX-2021 во Абу Даби,

Според производителот „Milkor 380“ е беспилотно летало со долг лет кој се одвива на средна надморска височина има функционалности за извидувачки и борбени задачи. Засега „Milkor 380“ е предвиден само за вооружување на војската на Јужноафриканската Република, но активни се работи и на извоз во странство.

„Главни конкуренти на нашето летало се турските Bayraktar и Anka, како и беспилотните летала произведени од американски General Atomics“, велат од „Milkor Ltd“.

Максималниот опсег на летот на јужноафриканскиот дрон е 2.000 километри, максималната височина која ја достигнува 9.000 метри, постигнува максимална брзина до 250 километри на час, а времетраењето на летот изнесува 35 часа. Масата на ова беспилотно летало изнесува 1,3 тони со носивост од 210 килограми. Притоа „Milkor 380“ е вооружен со различни водови ракети од типот „воздух-земја“, вклучително и ласерски наведувани проектили.

Од компанијата истакнуваат дека „Milkor 380“ е во завршената фаза од тестирањата.

„Нашата конкурентна предност е што целата база на компонентите за дронот е произведена од јужноафрикански компании. Milkor Ltd, исто така, е подготвен да го обучува операторите во земјите клиенти за управување со овие беспилотни летала“, соопштија производителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.