Арачиновци останаа без вода поради долгови кон ЕВН од 2006 година – Бараат толеранција!

Жителите на Арачиново три дена немаат вода во домовите, бидејќи ЕВН го прекина снабдувањето со струја на пумпите за вода на општината. Причина за прекинот на струјата се неплатени долгови од 2006 година.

Градоначалникот на Арачиново вели дека ова е неправда што и се прави на општината бидејќи такво нешто се толерира 15-20 години.

-Имаме континуирана комуникација со компанијата ЕВН и побаравме доколку ваква толеранција се прави со години од 2006 година, на водоводот или на пумпите кои ја потрошиле таа струја да не им се издаваат фактури, не е завршена финансиската обврска и како е можно наеднаш да се бара сиот тој долг. Иако ми понудија неколку рати, тие рати се неприфатливи. Побарав одредена форма на олеснување за тој финансиски товар што сепак сум заинтересиран да го понудам, но да понудам тоа што можам, вели Ибрахими.

„Општина Арачиново има постоечки договор за плаќање на рати на наталожениот долг за струја, кој не е испочитуван. Компанијата ЕВН понуди дополнителен договор за плаќање на наталожениот долг на рати, бидејќи овој долг е голем и натрупан“, велат од ЕВН, за ТВ21.