Полициски службеници во кумановското село Никуштак го лишија од слобода С.И. (40) од Арачиново по спроведена истрага на јавен обвинител за случај на заплена на 100 килограми марихуана на 31 март 2022 во Штип.
„Во рамките на истрагата обезбедени се материјални докази за инволвираноста на наведеното лице во случајот. Во координација со СВР Скопје, ЕНТДО и интервентна полиција, по претходна издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје бил извршен претрес во неговиот дом во село Арачиново, при што биле пронајдени мобилни телефони и сим картички“, се наведува во соопштението од Министерството.
На С.И. му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена и тој е спроведен во истражен затвор Скопје.