Арамии ограбиле четири цркви во охридско

Арамиите работат со полна пареа, за една ноќ ограбени четири цркви.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, ноќта помеѓу 26 и 27 март во две охрдиски села ограбени се четири цркви. Арамиите го искористиле момент кога објектите немало никој и насилно ги отвориле вратите.

Во селото Куратица ограбени три цркви. Од Света Богородица украдени се 1.700 денари, од Свети Димитрија и Свети Никола по 1000 денари.

Арамија провалил и во црквата Света Богородица во село Завој од каде се украдени 3.000 денари.

Полицијата работи на откривање на сторителите.