Арамија побогат за златен накит вреден околу 4.000 евра

70

Златен накит вреден над 4.000 евра бил украден од куќа во тетовското село Пирок, соопштува Министерството за внатрешни работи.

Крадецот влегол во куќата на 58-годишниот М.И. од тетовското село Пирок, од каде што успеал да го пронајде и украде златниот накит.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.