Арамија украл тон тутун од штала во прилепско

Прилепчанец остана без тутунот кој со мака и труд го одгледувал цело лето. Арамија му провалил во шталата.

Според Министерството за внатрешни работи, ноќта меѓу вторникот и средата арамија провалил во шталата во сопственост на 40-годишниот М.Д. во месноста викана Џумишица во Прилеп.

Арамијата успеал да украде 1.200 килограми тутун вреден околу 4.000 евра.

Полицијата трага по сторителот.