Арамијата го однел сефот од поштата во Бутел

Арамија го украл сефот од поштата во Бутел.

Тешка кражба се случила ноќеска во филијалата на Македонски пошти на улицата Тале Христов во скопски Бутел, соопшти утринава Министерството за внатрешни работи.

Арамијата прво насилно ја отстранил заштитната ограда, а потоа и влезната врата. Откако влегол во поштата го зел металниот сеф и избегал.

Неофицијално, од полиција велат дека во сефот имало околу 120.000 денари, но се чека потврда од претставници од пошта.

Полицијата уште го врши увидот и работи на расчистување на случајот.