Арапите се сомневаат дека Бајден ќе најави промени на Блискиот исток

Арапските челници му честитаа на демократскиот кандидат Џо Бајден на победата на американските претседателски избори, но многумина на Блискиот исток изразија цинизам во поглед на политиките на САД, дури и ако Бајден продолжи со дипломатски наместо „безобѕирниот“ пристап на актуелниот републикански претседател Доналд Трамп кон многубројните пргоблеми во регионот.

„Бев сигурен дека Трамп нема да го освои вториот мандат. Беше премногу непријателски настроен кон сите. Поспособен е да биде мафијашки шеф отколку претседател на САД. Да почекаме да видиме како ќе тече претседателстувањето на Бајден. На сите Ирачани им велам, не се истрчувајте. Дали е Бајден подобар за Ирак? Да почекаме да ги видиме неговите дела“, вели за Reuters 40-годишниот Адел Салман, професор по англиски јазик во средно училиште во Бајдад.

Бајден секако ќе се соочи со некои од најкомплицираните надворешнополитички предизвици на Блискиот исток: од војните во Либија и во Јемен, до инсистирањето на сунитските монархии во Арапскиот залив новниот сојузник САД да ги заштити од шиитскиот Иран и неговото влијание во регионот, и покрај тоа што кажа дека ќе се се вратат на нуклеарнот договор со Иран, од кој Трамп ја извади земјата од него во 2017 година.

„Трамп беше наш пријател, ја сакаше Саудиска Арабија и ја штитеше од непријателите. Тој му ги врза рацете на Иран. Бајден пак повторно го ослободи (Иран), и тоа ќе ни наштети нам и на целиот регион“, рекол Мохамед ал-Анаизи кој работи како такси-возач.

 

Човековите права

И додека Трамп имаше добри односи со, како што велат критичарите сите авторитарни водачи во земјите како што се Саудиска Арабија и Египет, а се обидуваше да ги поправи и со Турција, Бајден вети поцврст став во поглед на човековите права.

Во Египет, каде што со немала поддршка од администрацијата на претседателот Барака Обама на власт дојде првиот избран претседател Мохамед Морси како лидер на египетските исламистички групации поради што беше по масовни и крвави демонстрации отстранет од власта, сега на чело е порашниот воен командант Абдел Фатах ал-Сиси. Критичарите на ал-Сиси изразуваат сега надежи дека американската политика ќе се промени, и ја истакнуваат објавата на Бајден од јули годинава во која ја критикува „репресијата“ на власта во Каиро над „политичките активисти“ во Египет ветувајќи дека „Нема повеќе бланко чекови за омилениот диктатор на Трамп“.

Владата на ал-Сиси ги отфрла обвинувањата на активистите за човекови права, кои беа на чело на масовните протести против деценискиот претседател Хосни Мубарак, по кои во 2013 година од САД се врати Морси и застана на чело на Паријата на правото и развојот основана од панарапското исламистичко движење Муслиманско братстви, кое подоцна беше прогласено за терористичка организација и забрането во Египет.

Политичките коментатори во регионот, пак, наведуваат дека на египетските телевизиски канали била релативизирана победата на Бајден, со предвидувањата дека Египет ќе се прилагоди на новата администрација во Вашингтон.

Либанскиот претседател Мишел Аун, му честиташе на Бајден и изрази надеж за „брзо враќање на рамнотежата во американско-либанските односи“ во текот на неговиот мандат, откако администрацијата на Трамп се чини не се преокупираше многу со проблемот на секогаш експлозивниот Либан.

Заменикот главен уредник на дневниот весник an-Nahar, Набил Бумносеф, рекол за Reuters дека тајмингот на објавата на американските санкции во петокот во кои учествуше и Претставничкиот дом каде што демократите имаат мнозинство, насочени против зетот на претедателот Аун, истакнатиот христијански политчар Гебран Басил, испраќа порака дека Вашингтон ќе продолжи да ги напаѓа либанските политичари поради обвинувања за корупција и за помош на шиитското проиранско движење Хезболах.

„Бајден е пофлексибилен и порационален, но не очекувам потемелни промени, иако можеби ќе го ублажи притисокот, имајќи ги предвид санкциите кога на позиции ќе бидат функционерите на Бајден за Блискиот исток“, вели Бумносеф.

И јеменскиот новинар Ибрахим Матраз е песимистичен во поглед на можниот пресврт на американската политика по повеќегодишната војна која ја разори неговата земја.

„Не би требало да заборавиме дека Бајден беше потпретседател во администрацијата на Обама кога започна војната“, потсетува Матраз.

Упорното инсистирање на Трамп дека на американските претседателски избори се случила изборна измама, во арапскиот свет предизвика реакција дека со ова, но и со многу други нешта во долгата американска надворешна политика кон регионот, САД немаат право да делат лекции за демократијата во нивните земји каде челниците добиваат на изборите и по 99 отсто од гласовите.

„Овие избори го покажуваат вистинското лице на Америка, земјата каде изборите се фарса во која губитникот не го признава поразот и тврди дека победил“, рекол Адек ал-Натур, индустријалец од Сирија против чијашто влада САД од март 2011 година ги поддржуваат сунитските бунтовници, земја која е под американски санкции а американските војници држат неколку богати нафтоносни полиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.