Арапската лига одби да го признае Израел како еврејска држава

Арапските лидери целосно го поддржаа одбивањето на Палестинците да го признаат Израел како еврејска држава, соопштува „Франс прес“.

„Ние го отфрламе повикот Израел да се признае како еврејска држава“, се вели во завршната декларација по дводневниот состанок на Арапската лига во Кувајт .

Лидерите исто така ги осудуваат масовни колежи во граѓанската војна од страна на сириската Влада и повикуваат на политичко решение на конфликтот.

Тие повикуваат конфликтот да се реши во согласност со декларацијата од конференцијата „Женева – 1“.