Арапската лига: „Женева-2“ не можеше да ја реши кризата во Сирија

Меѓународната конференција „Женева-2“ не можеш да ја реши кризата во Сирија и покрај сите обиди и напори на специјалниот пратеник на Обединетите Нации, Лахдар Брахимај. Ова го истакна генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал Араби за време на отворањето на годишната средба на организацијата во Кувајт, пренесе „РИА Новости“.

Араби ја истакна потребата од концентрирање на мирно решавање на конфликтот.