Арбен Чејку: Моралниот претседател е Али Ахмети

Поранешниот албански амбасадор во Македонија, Арбен Чејку за ABC News рече дека вистинската победа за новиот претседател Стево Пендаровски му ја овозможил Али Ахмети, пренесува порталот на албански јазик Медиал.мк.

Во општините каде што Македонците имаат доминација, Пендаровски немаше некој голем резултат, вистинската победа му ја дадоа Албанците, Ахмети, кој според мене е морален претседател на Северна Македонија, кој водеше многу важни процеси за договорот со Грција, дури и за членство во НАТО , рече Чејку.