Арбен Зибери е кукавички разрешен затоа што неговиот чичко се кандидира за премиер

Разрешување на директорот на Центарот за јавно здравје во Скопје Арбен Зибери и неговата замена со Александар Стојанов е срамен чин на политичка одмазда, напад врз слободата на говорот и демократијата. Арбен Зибери беше еден од столбовите во нашата борба против пандемијата, како директор за јавно здравје за Скопје, тој и служеше на земјата и на граѓаните со извонредна посветеност, изјави Арбен Адеми од ДУИ.

– Неговите вештини и професионализам никогаш не беа доведени во прашање.Неговото отпуштањето поради изјава на социјалните медиуми, објавено во својство на кандидат за пратеник, не е ништо друго освен кукавички чин на политичка одмазда на владејачката македонска партија СДСМ. Причината е повеќе од очигледна, бидејќи пред само неколку дена чичкото на Арбен, Насер Зибери, ја објави својата кандидатура за прв премиер Албанец на Северна Македонија, за да го оспори македонскиот дуопол на власта со што се соочуваме во оваа земја – рече Адеми.

– Допирањето на семејството на кандидатот од втората заедница во земјата е нешто што потсетува на автократски режими и мрачни времиња во нашата историја. Тоа е грубо и неприфатливо во модерната демократија. Тоа исто така, е и чин на дискриминација – Арбен не би бил отпуштен, да беше Македонец и не е случајност што неговиот наследник се нарекува Александар, туку е јасен пример на дискриминација и слаб обид на СДСМ за ефтини политички поени меѓу македонски гласачи на избори – смета Адеми.

Тој  ја повика Комисијата за антидискриминација да дејствува веднаш и да го испита овој случај.

– Од правна гледна точка, разрешувањето е против основното начело, кое што е слобода на говорот, и не се заснова на никакви професионални недостатоци на Др. Арбен Зибери. И да разјасниме: Ако дискутабилната изјава на Фејсбук е причина за неговото разрешување, половина од министрите на СДСМ, вклучително и поранешниот премиер Заев, требаше да се повлечат од своите позиции неколку пати досега – рече Адеми.

За жал, ова не е единствен случај кај нас, додаде тој. Според Адеми, дури и ако сме постигнале еднаквост со закон, сепак се соочуваме со недостаток на политичка волја за спроведување на таа еднаквост. Сè уште има многу џебови на отпорност на еднаквост и исто така во многу случаи правдата е еднострана етничка. И покрај сите напори и реформи и зголемувањето на застапеноста во судовите, но и во другите државни институции, Албанците сè уште се соочуваат со обесправеност. Тоа е причината зошто ние бараме прв премиер Албанец, затоа што дури тогаш македонските политичари ќе разберат дека немаат монопол на власта, дека живееме во XXI век, каде сите граѓани треба да имаат еднакви права.

– Со премиер Албанец ние сите ќе воспоставиме еден Висок суд за еднаквост, кој ќе ги испита сите еднострани етнички прашања во судството и администрацијата и каде Албанците и другите немнозински етнички заедници, можат да поднесат жалба против дискриминација. Овој Висок суд за еднаквост ќе има целосна моќ на Врховен суд и ќе може да ги поништи дискриминаторските одлуки на сите државни институции. Време е да се создаде еднакво општество во Северна Македонија, каде сите граѓани имаат исти права и можности – порача Адеми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.