Џаред Кушнер: Израел ќе се откаже од анексија на Западен Брег до изборите

15

Советникот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов зет, Џаред Кушнер изјави дека израелската Влада ветила дека нема да презема чекори за проширување на суверенитетот врз Долината на реката Јордан и еврејските населби на Западниот Брег до одржувањето на парламентарните избори во Израел на 2 март, објавија израелските медиуми.

Тој, исто така, изрази мислење дека одговорноста за ескалирањето на тензиите во регионот по објавувањето на мировниот план за Блискиот Исток е на палестинските власти.

– Палестинскиот претседател Махмуд Абас е одговорен за најновите случаи на насилство во Израел, истакна Кушнер.

На 28 јануари Нетанјаху најави дека има намера да го стави на гласање прашањето за проширување на израелскиот суверенитет врз Долината на реката Јордан и еврејските населби на Западниот Брег на 2 февруари. На 29 јануари гласањето во израелската Влада за ова прашање беше одложено од технички причини. Истиот ден, министерот за одбрана Нафтали Бенет најави формирање специјален тим за напредок во работата околу проширувањето на суверенитетот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.