Јаревски: Од Шилегов наместо одговори гласен молк за новата „парк депонија“

Од градските власти и градоначланикот Петре Шилегов наместо одговори имаме гласен молк за нивната нова парк депонија. Јавноста се уште е спречена да дознае дали и кој се стекнува со противправна имотна корист од неколку милиони евра и дали таму се депонирало радиоактивен и канцероген отпад, истакна во средата Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сѐ уште не знаеме колкаво е еколошкото злодело и ризикот по здравјето на жителите на Град Скопје. Од господинот Стефан Богоев добивме половичен, нецелосен и погрешен одговор на поставеното прашање. Затоа денес доставуваме до Општината и градоначалникот повеќе актуелни закони и одлуки објавени во „Службен весник“, вклучително и одлуката на Град Скопје за определување на заштитни зони на бунарското подрачје усвоена минатата година токму на предлог на Шилегов. Од нив лесно и самиот може да согледа дека бунарското подрачје Нерези и Лепенец има три заштитни зони. И како што вие сте сведоци целата нивна новосоздадена парк депонија е во втората заштитна зона. Исто така ќе увидат дека е строго забранет ископ, отстранување на природниот материјал и особено депонирање на ѓубре во дупките кои што ги ископаа. Доколку градоначалникот и службите воопшто се немаат појавено на спорната локација еве доставуваме и линкови од објавените видео материјали за да видат колку длабоко се ископуваат дупките со што истите и се потполнуваат“, посочи то

Јаревски дека следните неколку денови советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги искористие за подготовки и поднесувања соодветни пријави до сите надлежни институции.

„Во реакцијата на Општината Карпош беше нагласено дека често биле прифаќани предлозите и идеите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас ќе додадам дека не погрешивте што тогаш ги слушавте нашите предлози, нема да згрешите ако не послушате и сега. Веднаш застанете со проектот, стопирајте ги понатамошните градежни активности во парк депонијата, и пред да продолжите отпочнете итна постапка за деконтаминација и ремедијација на земјиштето на предметната локација. Владеењето на СДСМ е завршена приказна. Со победата на изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи обновата на Македонија која опфаќа една милијарда евра инвестиции за подобра животна средина. Жално е што дел од тие средства наместо за развој на екологијата ќе мора да бидат потрошени на отстранување на штетите и ѓубрето со кои СДСМ ја загрози животната средина и здравјето на Скопјани. Со обновата следи слобода на институциите кои ќе бидат во можност целосно да го расчистат овој случај. Правда и одговорност мора да има и ќе има, рече тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.