Аргентина по петти пат трета на Копа Америка

Фудбалската селекција на Аргентина на стадионото „Коринтијанс“ во Сао Пало саботата вечерта го порази со 2:1 Чиле во дуелот за бронзениот медал на 46-то израние на првенството на Јужна Америка кое се одржува во Бразил.

Головите за Аргентина ги постигаа Серхио Агуеро во 12 и Паоло Дибала во 21 минута. Чиле, кој ги освојуваше последните две титул на Копа Америка, во второто полувреме успеа само да намали во 59 минута, откако Артуро Видал реализираше пенал. Во 37 минута од натпреварот, поради неспортско однесување беа исклучени капитените на двете селекции, Лионел Меси и Гари Медел.

Аргентина го освои по петти пат во историјата бронзениот медал на Копа Америка, а истовремено има 14 титули и а уште 14 пати била поразувана во финалните средби, или вкупно сега има 33 медали во најстарото фудбалско меѓународно натпреарување во светот. Чиле има две титули, од кои двете се извојувани во 2016-та и на претходното првенство во 2017 година.

Во недела на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанерио во финалето ќе се сретнат Бразил и Перу.