Аргентина подобра за гол од Русија

Фудбалерите на Аргентина ја совлада репрезентацијата на Русија со 1:0 (0:0) во пријателски натпревар одигран во саботата на московскиот стадион „Лужники“.

Аргентинците до победата дојдоа со голот на Серхио Агуеро во 86 минута, но останува впечатокот дека Кристијан Пвон кој го проигра Агуеро беше во офсајд кога му беше упатена топката.

Ова беше првата до двете средби коишто в Русија ќе ја одигра аргентинската селекција во рамките на промоцијата и подготовките за Светското фудбалско првенство во 2018 година. Аргентина во вторник на 14-ти ноември, во Краснодар ќе игра против Нигерија, но нејзиниот капитен Лионел Меси кој настапи на дуелот со Русите не е најавен во составот.