Аргентина повторно киксираше, ниту магиите не им помогнаа на Перуанците против Чиле

Вилиан игра во животна форма - му донесе победа на Бразил

Светскиот вицешампион Аргентина повторно киксираше,  откако по поразот од Еквадор, овој пат одигра без голови на гостувањето против Парагвај.

Аргентинците немаа решение без повредените Лионел Меси и Серхио Агуеро, иако Тевез имаше неколку убави можности за гол. Во следното коло Аргентина ќе игра со големиот ривал, Бразил.

А Бразилците, пак, во Форталеца славеа против Венецуела со 3:1. Херој на “кариоките” беше Вилијан, кој игра во животна форма. Фудбалерот на Челзи постигна два гола, а еден запиша Рикардо Оливеира.

Во преостанатите две средби, Уругвај на домашен терен беше убедлив против Колумбија победувајќи со 3:0 со головите на Годин, Ролан и Ернандес, а на дуелот меѓу Перу и Чиле, во голеадата Чилеанците славеа со 3:4.

Ниту “црните магии” против Алексис Санчез не им помогнаа на Перуанците да извлечат поволен резултат против фаворитот.