Аргентина против Бразил во полуфиналето на Копа Америка

Аргентинската фудбалска селекција се пласираше во полуфиналето од годинешното издание на Копа Америка, откако во петокот верчерта со 2:0 (1:0) ја победи Венецуела во четвртфиналиот меч одигран во Рио де Жанеиро.

Аргентина поведе во 10 минута кога Лаутаро Мартинез со петица го скршна шутот на Кун Агуеро зад грбот на немоќниот венецуелски голман Фарињез. Победата на „Гаучосите“ ја потврди Џовани Ло Селсо кој во 74 минута искористи големата грешка на Фарињез и од блиина ја погоди празната мрежа.

Аргентина во полуфиналето коешто ќе се игра во вторник ноќта кон средата по македонско време во Бело Хоризонте ќе се соочи со домаќинот Бразил, кој во првиот четвртфинале дуел го совлада Парагвај со 4:3, по подоброто изведување на пеналите.

До другите две четвртфинални дуели се среќаваат Колумбија – Чиле и Уругвај – Перу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.