Аргентина сепак во четвртфиналето на Копа Америка

По стартниот пораз од Колумбија и ремито со Парагвај, фудбалерите на Аргентина во недеката во последното коло од Групата Б во Порто Алегре ги победија Катар со 2:0 и се пласираат во четврфиналето на јужноамериканското првенство.

Стрелци за „Гаучосите“ беа Лоутаро Мартинез во 4 и Кун Агуеро во 82 минита. На Аргентина ѝ помогна и Колумбија, иако по првите две кола го имаше обезбедено четвртфиналето. Колумбиците беа бескопромини и играа на победа до која стасаа со голот на Густаво Куељар во 31 минута.

Првото место во групата го освои Колумбија со максималните девет бодови, Аргентина е втора со четири, Парагвај освои два, а Катар еден бод.

Засега пласман во четвртфиналето обезбедија Бразил, Венецуела и Пери од Групата А, Колумбија и Аргентина од Групата Б, и од Групата Ц бранителот на титулата Чиле и Уругвај,