Аргентинските во понеделникот навалиле на претпродажната интернет страница по хит дресот на фудбалската репрезентација со третата ѕвездичка за светската титула освоена пред осум дена во Катар.
За само неколку часови повеќе не било возможно да се регистрира и онлајн да се нарача дресот „три ѕвездички“ не e-commerce страницата на германскиот производител на спортска опрема „Adidas“.
„Во оваа почетна фаза, првата серија достапни дресови е распродадена“, соопшти компанијата но не го прецизираат бројот продадени дресови во понеделникот.
Залихите, како што додаваат од „Adidas“, ќе бидат обновени следните седмици со зголемување на пласираните примероци во јануари и февруари.
„Adidas“ се соочи со сличен проблем и непосредно пред одигрувањето на финачниот натпревар на стадионот „Лусаил Ајконик“ во Доха со Франција, кога некои на некои пазари имаше недостиг од дресови на аргентинската фудбалска репрезентација.
Пласманот натаму на селекцијата предводена од Лионел Меси до финалето на мундијалот претставуваше значаен импулс за германската компанија од која тврдат дека продажбата ѝ се зголемила за 30 отсто во однос на 2018 година, на претходното светско првенство во Русија.