Аргентински сеир на сметка на Бразил: Еве зошто не се доигра мечот (ВИДЕО)

Лионел Меси и Нејмар не до комплетираа новиот меѓусебен судир, откако дуелот меѓу Бразил и Аргентина беше прекинат од страна на полициски службеници.

Четворица Аргентинци лажирале влез во земјата, па поради тоа дербито беше суспендирано. Несекојдневниот момент се случи на самиот почеток од мечот.

Аргентинските медиуми се шокирани од оваа одлука. Некои од аргентинските фанови си играат сеир и споделуваат видео од загревањето на Меси. Според нив ова е „вистинската“ причина за прекинот во Сао Пауло:

Имињата на четворицата фудбалери се Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Емилијано Буендиа, сите членови на екипи од Премиер лигата.