Археолозите веруваат дека го нашле местото на кое Јован Крстител е осуден на обезглавување

114

Археолозите се убедени дека го идентификувале смртоносниот подиум за танцување од кој Јован Крстител, кој го проповедаше доаѓањето на Исус Христос, е осуден на смрт околу 29 година пред Христа, објави ресурсот Live Science.

Билбилја и еврејскиот историчар од I век Јосип Флавиј опишуват како хебрејскиот крал Ирод Антипа наредил да се погуби Јован Крстител. Флавиј прецизира дека егзекуцијата со отсекување на главата е извршена во Макеронт, утврдување близу Мртвото Море во денешен Јордан. Ирод стравувал до растот на популарноста и влијанието на Јован Крстител меѓу народот и затоа го погубил, пишува древниот историчар.

Во Билбијата, пак, од друга страна, има далеку подетална приказна. Во неа се наведува дека Ирод Антипа го погубил Јован Крстител во замена за танц. Ирод откако ја протерал својата жена се подготвувал да се ожени за Иродијада, жената на неговиот брат Филип кој уште бил жив, а Јован Крстител тоа јавно го осудувал.

На нивната венчавка Иродијада ја донела својата ќерка од претходниот брак Саломија (Саломе) која со својот танц толку го обзела Ирод што тој ѝ ветил дека ќе ѝ ја исполни секоја желба. Поттикната од одмаздољубивата мајка, Саломија ја побарала главата на Јован Крстител. Отпрво Ирод се снебивал, како што вели Библијата, но на крајот решил да ѝ ја исполни желбата и да ја донесат главата на Јован на тацна.

 

Престолот

Градот Макеронт е археолошки откопан пред четириесеттина години, а внатрешниот двор од дворецот е веројатно местото каде што танцувала Саломија, тврди археологот Ѓјозо Вереш, директор на проектот „Ископување и истражување на Макеронт и Мртвото Море“.

Двориштето, додава Вереш, има полукружна ниша којашто веројатно е остаток од престолот на Ирод Антипа кој од Макеронт го контролирал своето кралство.

Археолозите дворот го откриле 1980 година, но нишата сѐ досега не ја препознале како дел од тронот на Ирод. Откривањето на престолот од внатрешното двориште го зацврствува заклучокот за лоцирањето на подиумот на кој танцувала Саломија, оценува Вереш.

Порталот Live Science разговарал со неколку стручњаци кои не учествувале во археолошките истражувања за тврдењата дека е пронајден престолот на Ирод и дека таму е местото на фамозниот танц на Саломија. Некои се убедени дека тоа е точно, но има и скептици.

„Мислам дека веројатно е откриен историскиот подиум на танцот на Саломија“, вели историчарот Мортен Хернинг Јенсен, професор на норвешкиот теолошки факултет.

Џоди Мегнес, професорка по верски студии на Универзитетот Северна Каролина, силно ги фали членовите од тимот на Вереш, но овојпат се сомнева дека се во право. На пример, според неа, нишата откриена во Макертон е мала во споредба со престолот на кралот Ирод Великиот, таткото на Ирод Антипа, во неговиот зимски дворец во Ерихон.

Ерик Мејерс, професор за хебрејски студии на Универзитетот Дјук, вели дека е можно да станува збор за престолот на Ирод Антипа и одвај го очекува крајниот извештај од истражувањето.

„Ќе видиме дали станува збор за совршено совпаѓање на книжевните и археолошките извори. Станува збор за силни аргументи и одвај ја чекам завршната анализа“, рекол Мејерс.

Here, a reconstruction of the courtyard where Salome’s dance may have taken place. (Image credit: Győző Vörös)
Here, a reconstruction of the courtyard where Salome’s dance may have taken place. (Image credit: Győző Vörös)

 

https://www.livescience.com/dance-floor-john-the-baptist-execution.html?jwsource=cl

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.