Архивите на Бугарија и Македонија заедно ќе објават документи за Гоце Делчев

Архивите на Северна Македонија и Бугарија согласно Договорот за соработка меѓу двете институции, заедно ќе објават документи за истакнати историски личности, а изборот ќе го направат комисии од двете страни кои треба да се формираат на почетокот на наредната година, изјави за МИА директоротот на Државниот архив на РСМ Емил Крстевски.

Претходно, денеска БГНЕС објави изјава на Михаил Груев, директор на Државната агенција за архиви на Бугарија, според која, бугарскиот и македонскиот архив заеднички ќе издадат документи за животот и делото на Гоце Делчев, и оти одлуката била донесен

-Ние имаме потпишано Договор со државите архиви на Бугарија уште во 5 октомври 2017 година во Софија кој важи три години и се продолжува уште за три. Потпишан е во два еднакви примерока, секој на официјалниот јазик – македонски и бугарски, согласно со Уставите на двете страни, при што двата текста имаат еднаква важност. Ние се договриме да се издаде зборник за стари фотографии и друг зборник за документи за значајани и истакнати историски личности. Треба да се формираат на почетокот на наредната години комисии на двата архива кои ќе работат врз подготовката и изработката на овие зборници, вели Крстевски.

Зборниците, посочува, ќе бидат објавени и на македонски и на бугарски јазик со предговор на колегата и негов и со прилози и коментари од историчари од двете земји.

Се очекува овие зборници да бидат заокружени до септрември или октомври наредната година.

Директорот на Државната агенција за архиви на Бугарија, Михаил Груев, во изјавата за БГНЕС посочува дека новиот директор на македонскиот Државен архив, Емил Крстевски, ја посети Софија на 12 и 13 декември и оти двајцата се согласиле да ја засилат соработката меѓу двете институции во неколку насоки, а едната, како што наведува, е поврзана со објавување заедничко издание на документарното наследство на Гоце Делчев. Тој посочува и дека одлуката за објавување на архивата за Гоце Делчев е заедничка.

– Нашата идеја беше да го олесниме дијалогот меѓу двете земји, вклучително и за темите од историјата. Се надеваме дека со вакво издание ќе го поттурнеме напред она што е предвидено со Договорот за пријателство и добрососедство меѓу Бугарија и Северна Македонија, потенцира Груев.