Аријан Адеми – најдобар фудбалер на Динамо Загреб во вториот дел од сезоната

Динамо Загреб ја одбрани шампионската титула во Хрватска, а за најдобар фудбалер во вториот дел од сезоната 2021/22 е избран Аријан Адеми. Тој доби најмногу гласови во анкетата во која учествувале повеќе од 2.300 навивачи.

Адеми имал 32 отсто од вкупните гласови и за нијанса бил подобар од Мислав Оршиќ со 31,5 отсто од гласовите.

„Чест ми е да примам една ваква награда, од гласови од навивачите. Во вториот дел од сезоната игравме одлично, па иако имавме и мала криза, сепак заслужено ја освоивме шампионската титула“, изјави Адеми.