Арифи по состанокот на кризниот штаб: Страшна трагедија, но нема да даваме инфомација за бројот на загинати

150

Станува збор за многу голема трагедија и на состанокот на Кризниот штаб е одлучено во текот на ноќта да не се дадат какви било податоци за бројот на загинати и повредени додека не бидат проверени ситге информаците и првичните причини за пожарот, како и бројот на пациенти и вработени во модуларната болница за време на пожарот, им изјави на новинарите градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

На прашањето дали е точно дека има околу 20 починати лица во пожарот во тетовската модуларна болница, градоначалничката Теута Арифи рече дека не може да даде податоци, додека не бидат добиени официјални информации.

„Од што настанал пожарот можат да кажат само стручните служби, форензичарите, крим-техничарите и сите останати кои се вечерва на терен и вршат увид. Колку им дозволуваат условите, ќе работат во текот на ноќта, а увид ќе се прави и утре цел ден“, рече Арифи.

На крајот, Арифи рече дека повеќе не може да дава изјави и додаде дека тука нејзината изјава завршува.

Претходно, премиерот Зоран Заев по излегувањето од состанокот на Кризниот штаб најави дека изјави во текот на ноќта нема да има.

Mинистерот за здравство Венко Филипче претходно преку соопштение изјави дека има најмалку десет загинати лица, но и дека страхува оти тоа не е конечна бројка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.