Арифи: Треба да има влада линијата на евроатлантските интеграции, не гледам партнер во ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателката на ДУИ и градоначалничката на Тетово Теура Арифи во „Отвореното студио“ на ТВ 24 изјави дека во врска со формирањето на новиот состав на владата ќе треба да има сериозни разговори за составување на новата влада. Тие се задоволни од бројката и процесот и водењето на кампањата.

„Сметам дека земјата треба да има влада која ќе остане на линијата на евроатлантските интеграции“, вели Арифи.

Идејата за прв премиер албанец, според неа беше коректна идеја која никој не ја игнорирал, идеја која кај Албанците наиде на прифатливост во однос на анкетите.

„Сметам дека оваа идеја е идеја вредна за разговор, откако толку многу била дел од кампањата и процесот на преговори и разговори и ќе се покаже која била атмосферата за нејзина реализација која беше поддржана со гласовите што ДУИ ги доби на изборите“, вели Арифи.

Арифи вели дека ДУИ никогаш не ги поставила политичките идеи како уцена, туку како прогресивни политички идеи кои ќе донесат добраи моменти и толеранција. ДУИ не поставува идеи за уцена, туку идеи за прогрес на едно општество, смета Арифи.

„Идејата треба да се гледа како прогресивна, а не како уцена“, вели Арифи.

Според неа, ДУИ не е блеферска партија, туку луѓето веруваат во нив, дека тие можат низ процес на разговори да постигнат добри договори. Орјентацијата во однос на иднината на земјата и економскиот развој е важен за партијата и во вој момент дека ДУИ не преговара со ниту една партија за формирање на влада. Арифи истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ не гледа коалициски партнер. На прашањето дали ДУИ ќе биде дел од владата, таа рече дека партијата не била во владата доколку не добила легимитет на избори.

„Никогаш ДУИ не побарало да биде дел од владата, доколку не имало победа зад себе и без да има легимитет зад себе. Сметам дека изјавите дадени од нашите меѓународни пријатели во однос на континуитетот што се бара во однос на понатамошно разговарање, смета дека е добро да тие создавачи на целиот овој процес повторно да седнат и да земат за обврска за продолжување на процесот. Само народот со гласање може да ве испрати во опозиција и бројките не се добиени случајно. Сметам дека како политички стабилен фактор треба сериозно да се размисли во однос на нашата адреаса, додека другите комбинации вон официјалните бројки што ги имаат партиите, не мислам дека ќе носат добробит за евроатланската иднина за државата“, рече Арифи.

Во однос на ситуацијата со коронавирусот и двајцата политичари од ДУИ кои се тестирани позитивни на вирусот, Арифи истакна дека во текот на изборната кампањата се почитувале мерките за препораките од владата и дека нема на повидок ќе има кластер ДУИ, зошто собирањата во самата централа на партијата не биле интензивни. Кампањата била според стандардите со запазување на сите мерки.

„Не очекувам кластер ДУИ. Се надевам дека случаи не само нашите колеги ќе поминат со благи симптоми“, рече Арифи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.