Американската НАСА (национална аеронаутичка и вселенска администрација) на својата Фејсбук страница сподели анимација на менувањето на арктичкиот мраз во период од 25 години, односно, од 1991 до 2016 година.

Очигледни се промените од година во година. Ледените површини се прикажани во различни бои, со тоа што помладиот мраз во морето или мразот од првата година, е прикажан во темна нијанса на сина, додека мразот кој е четири години или постар е прикажан како бел. Скалата на бојата ја идентификува возраста на посредните години.

Мразот на Арктикот во зимата се зголемува, а во летните месеци се топи. Од посебна важност за циклусот е тоа што мразот прво се губи во северните делови на Атлантскиот Океан, а потоа се обновува во Бофоровото Море, во близината на Алјаска.

Но, во изминатите години ледената површина се’ помалку се обновува, а со тоа и нејзиното топење е се’ побавно.