Армијата ќе помага во обезбедувањето на болниците

Владата на вчерашната седница го прифати предлогот на Министерството за здравство за потребата од дополнителна асистенција на припадниците на Армијата во обезбедувањето на болниците.

Од Владата информираат дека Армијата ќе биде дополнителна испомош на припадниците на МВР и во координација со ова Министерство.

Владата заклучи за ова да побара согласност од претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.