Армијата на Мјанмар ја продолжи вонредната состојба до 2023 година

Воениот режим на Мјанмар денеска ја продолжи вонредната состојба до следната година, бидејќи земјата и понатаму е поделена поради внатрешните судири по минатогодишниот воен удар.

Воената хунта ја презеде власта минатата година, откако беше соборена демократски избраната премиерка Аунг Сунг Су Чи.

Армијата вети дека наскоро ќе одржи „слободни и фер“ избори, објави Би-Би-Си.

Сепак, таа денеска изјави дека и треба повеќе време за да ја стабилизира земјата, а вонредната состојба и дава повеќе овластувања да приведува луѓе, додаде британскиот јавен сервис.

Многу жители на Мјанмар се скептични за одржување повеќепартиски избори или за пренесување на извршната власт на избрана влада.

Режимот на генерал Мин Аунг Хлаинг најпрво ја продолжи воената состојба минатиот август, а потоа повторно се назначи за премиер.

Тој за државните медиуми изјави дека треба да се реформира изборниот систем.

Влијанието на „моќните партии“ ги задуши другите политички гласови, додаде генералот.

Војската, позната како Татмадау, организираше воен удар откако тврдеше дека има убедлива победа на изборите во 2020 година, кога Националната лига за демократија на соборената премиерка Аунг Сунг освои повеќе од 83 отсто од гласовите.

Меѓународните набљудувачи рекоа дека гласањето генерално било фер и слободно.