Армијата на Северна Кореја испука три нови проектили

14

Северна Кореја испука три неидентификувани проектили денеска, соопшти јужнокорејската војска.

Проектилите биле испукани од градот Сондок кон Источното Море, пренесува Јонхап.

Генералштабот на јужнокорејската армија не прецизираше за каков проектил станува збор.

Северна Кореја испука две ракети со краток дострел од источниот брег град Вонсан минатата недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.