Армијата на Северна Кореја испукала неидентификувани проектили

26

Вооружените сили на Јужна Кореја соопштија дека Северна Кореја испукала денеска две неидентификувани проектили од областа Вонсан кон морето.

Потегот на арммијата на Северна Кореја се случува по неколку недели откако Пјонгјанг објави дека повеќе нема да се придржува кон мораториумот за балистички ракетни тестови со голем дострел.

„Војската следи за дополнителни лансирања и одржува подготвеност“, се додава во соопштението на армијата на Јужна Кореја.

Пјонгјанг изврши серија тестови за оружје кон крајот на минатата година, последниот од нив во ноември, честопати опишувајќи ги како ракетни системи, иако други ги нарекуваше балистички ракети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.