Армин Лашет е новиот лидер на германската CDU

Премиерот на сојузната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, Армин Лашет, е новиот претседател на конзервативната Христијанско-демократска унија (CDU), беше решено на партиската конвенција во саботата.

На конвенцијата којашто партијата поради пандемијата на коронавирусот ја организираше виртуелно, во втортиот круг од гласањето Лашет го победи Фридрих Мерц. Од 991 глас, Лашет доби 521 глас, а Мерц освои 466 гласови. Во првиот круг од конкуренција испадна третиот кандидат Норберт Ретген.

За Фридрих Мерц, ова е вторпат да биде поразен на внатрепартиските избори на CDU. Во 2018 година загуби од Анегрет Крамп-Каренбауер. Елиминираниот во првиот круг Норберт Ретген, е шеф на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот.

Лашет одржа кус говор веднаш по објаввуањето на резултатите, во кој им се заблагодари на делегатите за довербата и на противкандидатите за фер борбата.

Покрај онлајн гласањето, ќе се добијат гласовите испратени по пошта, чија цел е формално потведување на гласањето преку интернер. Но сите кандидати однапред извјавија дека го прифаќаат резултатот.

Армин Лашет важи како умерен политичар кој би ги продолжил насоите кои на чело на партијата ги одреди неговата претходничка и актуелна канцеларка Ангела Меркел. Фридрих Мерц, пак, е претставник на поконзервативниот дел на партијата.

Ни дали Лашет ќе биде и кандидат на демохристијаните за канцелар на изборите во септември, ткн шпицен-кандидат, ќе се одлучува по неколкуте покраински избори кои ќе се одржат во март.