Армин Лашет најави повлекување од првата позиција во CDU

Лидерот на германската конзервативна партија Христијанско-демократска унија (CDU), Армин Лашет, најави во четвртокот повлекување од челната позиција во парртиојата, по историски најлоштите резултати на парламентарните избори во септември кога беше кандидат за канцелар.

„Брзо ќе се занимаваме со прашањето за новиот тим на CDU“, изјави Лашет во Берлин, многу ослабнен и под притисок по изборите од 26-ти септември.

Помалку од една година откако од Ангела Меркел го празема водството на партијата, Армин Лашет рече дека ќе бара одржување конгрес на CDU кој ќе одлучува за иднината и реорганизација на партиското водство.

„Од повлекувањето на Ангела Меркел од претседателството водиме постојана расправа за правецоте на партијата“, додаде Лашет.

Според дневниот весник Bild, партискиот конгрес би требало да се одржи во првата половина на декември во Дрезден.

Во анкетите гласачите го сметаат Армин Лашет за најдоговорен за најлошиот изборен резултат кој конзервативците го постигнале во историјата на модерна Германија. Но Лашет се наоѓа и под силен притисок на партијата, но и од јавноста. Во анкетите големо мнозинство смета дека тој, како кандидат на партија којашто не победила на изборите, не може да се преземе составување на владата.

На парламентарните избири најмногу гласови 25,8 отсто освои Социјалдемократската партија на Германија (SPD), за коа следеше Унијата CDU/CSU со 24,1 отсто, трета беше партијата Зелени со 14,8 отсто и партијата на Слободните демократи на Германија (FDP) со 11,5 отсто.

Во четвртокот започнаа преговорите меѓу SPD, зелените и либералите, за формирање на коалициска влада предводена од социјалдемократски канцелар Олаф Шолц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.