Армиска единица за нуклеарно хемиско и биолошко оружје ја caнира состојбата во Охис

Пристигна полк на единица на армијата за Нуклеарно хемиско и биолошко оружје во дворот на Охис за да ја санира хаваријата која настана при истекувуање на опасна токсична материја, пишува ИНФОМАКС:

Во кругот на фабриката Охис рано попладнево се случи хаварија. Од она што го дознава Инфомакс се случила реакција на високо токсична и опасна материја во кругот на фабриката од која се остраува токсичниот отпад. Жителите на Пинтија и околните населби се пожалиле на миризба на сулфур, по што пријавиле во полиција.

Неофицијално хаваријата се случила при чистење на еден од контењерите со отпад, при што дошла до хемиска реакција помеѓу отпадот и водата. Компанијата која е задолжена за отстранување на отпадот е Еко Центар 97, отпад кој потоа се извезува во Швајцарија.

За хаваријата е известена полицијата која прави координација со сите институции кои имаат соодветна опрема за да се справат со хавријата. Се организира која екипа има сооодветна опрема за да може безбедно да интеренира. Засега нема информации дали ќе се врши евакуација на локалното население ниту дали се известени дека во нивна близина хаварија со токсичен материјал. На терен се наоѓа едно возило на брзата помош, но и неколку екипи на противпожарната единица и не е познато дали има повредени.

– Станува збор за истекување вода од цистерна во која бил складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната фирмата има обврска да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во еден вид бетонска када која е надвор и затоа се почувствувала миризба во околината, велат од инспекторатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.