Арсовски: Не се извинувам, Министерството за здравство и Филипче нека побараат извинување од премиерката Брнабиќ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсосвки реагираше на демантот на Министреството за здравство и брањето тој да се извини по објавата на прес-конференција на изјавата на српската премиерка Ана Брнабиќ со која се тврди дека Македонија илегално набавува вакцини против Ковид-19.

„Гледам Министерство за здравство бараат извинување од мене и колегата

Антони Милопоски што сме објавиле изјава на српската премиерка Брнабиќ, која во една реченица ја осуети цела Влада.

Брнабиќ: „Во Македонија добиле вакцини, ама не се регистрирани и практично се врши илегална вакцинација“.

Еве, јас сакам да ги прашам МЗ и Венко Филипче, бидејќи немам намера да се извинам, дали тие побараа извинување од премиерката Брнабиќ за изјавата каде посочи дека илегално вакцинирале во Република Македонија, што всушност би значело дека лаже Брнабиќ?“, напиша Арсовски на Фејсбук и додаде:

„Ако не побарале извинување од нејзе за изјавата и не ја демантирале, тогаш би значело дека е вистина.

Еве нека одговорат од Министерство за здравство и Венко Филипче“.

Лево: (соопштение на МЗ) https://plusinfo.mk/zdravstvo-nema-ilegalna-vakcinaci-a…/

Десно: Видео со сегменти од изјави на Брнабиќ, Филипче и Заев