Аршавин: Русија има најмали шанси за пласман во полуфинале

Поранешниот руски фудбалер Андреј Аршавин нема доверба во своите сонародници кои во четвртфиналето на Мундијалот во сабота играат против Хрватска. Поранешниот играќ на „Зенит“ и „Арсенал“, а сега член на „Каират“ од Казахстан коментираше за исходот на Светското првенство за локалниот портал Zakon.kz.

Русија има најмалку шанси за полуфиналето од сите останати учесници. Но се е можно, бидејќи ако Русија можеше да ја победи Шпанија, тогаш може и други посилни противници. Мислам дека Хрватска е многу силен и сериозен тим, покажаа дека играат добар фудбал и рускиот тим ќе се соочи со истите потешкотии како и против Шпанија, рече Аршавин.

Тој Големиот кредит за успехот на Русите му го припишува на еден човек.

Не е никаква тајна дека Игор Акинфеев е најдобар руски голман во последните 20 години. Но рускиот тим е дисциплиниран, физички добро подготвен и има неверојатна поддршка од навивачите. Тоа ни даде успех на Светското првенство”, заклучи Аршавин, кој за Русија одигра 75 натпревари и постигна 17 гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.