Арсенал да понуди 40 мил. фунти за Бензема

Раководните лица на лондонскиот премиерлигаш Арсенал повторно се на преговарачката маса и повторно преговараат со челниците на шпанскиот гигант Реал (М), но сега тема на разговор е францускиот интернационалец Карим Бензема.

Предводникот на популарните „топчии”, Арсен Венгер веќе не крие дека е голем фан на репрезентативецот на Франција, додека раководните лица на Реал (М) не се многу задоволни од играта и од постигнатиот ефект на Бензема во изминатата сезона.

Најтиражниот таблоид на Островот, „Сан” откри дека двете страни лесно ќе најдат заеднички јазик доколку понудата на Арсенал за услугите на брозоногиот напаѓач од редовите на Реал (М) не биде помала од 40 мил. фунти.

Таквото барање сепак е нереално за челниците на лондонскиот клуб кој се подготвени да одвојат околу 25 мил. фунти за услугите на францускиот интернационалец.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.