„Арсенал“ фуриозно против “Фулам“

127

Фудбалерите на „Арсенал“ го победија „Фулам“ на гостински терен со 5:1 и ја продолжија победничката серија во Премиер лигата од шест победи во низа. Со триумфот „Топџиите“ се искачија на третото место на табелата.

Гостите дојдоа во водство преку Александер Лаказет во 29 минута, но на полувремето ниту еден од тимовите немаше предност бидејќи „Фулам“ со голот на Андре Ширле во 44 минута изедначи на 1:1.

Сепак, домаќините во продолжението доживеаја вистински потоп откако прво Лаказет во 48 минута пак му донее водство на „Арсенал“. Арон Ремзи во 68 минута со гол со пета зголеми на 1:3, а до крајот Пјер-Емерик Обамејанг постигна два гола за конечните 1:5.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.