Арсенал го доби дербито во Франкфурт

23

Лондонски Арсенал славеше над Ајнтрахт со 3:0 во дербито на денот во Лига Европа.

„Топчиите“ рано постигнаа гол за 1:0, но триумфот го обезбедија во завршните минути, кога дадоа уште два гола. Дуделанж, кој до групната фаза дојде и преку Шкендија, губеше 2:3, а победи со 4:3 на гостувањето кај АПОЕЛ.

Нашиот десен бек Стефан Ристовски не беше во составот на Спортинг Лисабон, кој загуби од ПСВ Ајндховен.

РЕЗУЛТАТИ: АПОЕЛ – Дуделанж 3:4, Базел – Краснодар 5:0, Клуж – Лацио 2:1, Динамо Киев – Малме 1:0, Ајнтрахт – Арсенал 0:3, Копенхаген – Лугано 1:0, Хетафе – Трабзонспор 1:0, ЛАСК Линц – Розенборг 1:0, ПСВ – Спортинг Лисабон 3:2, Карабах – Севилја 0:3, Рен – Селтик 1:1, Стандард Лиеж – Гимараеш 2:0.

Останатите натпревари од првото коло почнаа во 21 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.