Арсенал го исфрли Сити од ФА Купот

Фудбалерите на Арсенал се првите финалисти во најстарото фудбалско натпреварување во светот англискиот ФА Куп, откако во саботата вечерта на лондонски „Вембли“ ги поразија со 2:0 бранителите на тутулата Манчестер Сити.

Двата погодока за „Топчиите“ ги постигна Габонецот Пјер-Емерик Обамејанг, во 19 и во 71 минута. Арсенал беше многу помотивираниот тим вечерва, а осбено неговите играчи се истакнаа во дефанзивните задачи, наспроти доста бледиот Сити кој последните дваесет минути потсети каков играчки потенцијал поседува.

Во 19 минута нафлрувањето на Белерибн во пад Обамејанг го спроведе во мрежата на противникот, а на голот му претходеше долга акција во којашто дури 10 играчи на Арсенал имаа контакт со топката. Во 71 минута Тирни нафрли, а габонскиот играч беше најбрз и низ нозете на голманот Едерсон ги постави конечните 2:0.

По седумте последователни победи ова е првиот пораз на манчестерските „Граѓани“ во дуелите со Арсенал. Лондонскиот тим претходно последен пат славеше во меѓусебните дуели во 2017 година со 2:1.

Инаку Арсенал веќе четврти пат по ред го победува Сити во ФА Купот. Во финалето ќе се сретне со победникот од второто полуфинале во кое се среќаваат Манчестер Јунајтед и Челзи, а се игра в недела.

Арсенал, се чини, ќе обезбеди пласман во европските купови следната сезона само доколку го освои ФА Купот.
За Арсенал ова полуфинале беше 30-то во историјата во ова натпреварување, што е рекордни постигнување. Клубот, покрај тоа се пласирал 21 пат во завршниот меч и според овоој показател е водечки.

Арсенал, исто така, е рекордер според бројот на освоените титули во ФА Купот, со 13 победи во финалните мечеви. На второт место е Манчестер Јунајтед со 12 титули, а Манчестер Сити освои шест титули, главно во последната деценија.