Арсенал го контактирал Јувентус поради трансфер на Кулушевски

Англискиот премиерлигаш Арсенал стапил во контакт со италијанскиот великан Јувентус во врска со трансфер на 21-годишниот Дејан Кулушевски, откако менаџерите на напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, воопшто не одговарале на повиците од лондонскиот клуб, објавија италијанските медиуми.

Јуве го донесе шведскиот репрезентативец со македонско потекло од Аталанта во јануари 2020 година во трансфер кој чинеше 35 милиони евра. Меѓутоа, сезонава со доаѓањето на тренерот Масимилијано Алегри на клупата на торинската „Стара дама“, Кулушевски не е во стандардната постава на Јувентус. Во 15 настапи во сите натпреварувања имаше време да впише само еден погодок и една асистенција.

Претходно беше објавено дека Јувентус е подготвен да го продаде Кулушевски, но ќе бара најмалку 25 милиони евра.