Арсенал го совлада Ливепрул во мечот за Суперкупот на Англија

Фудбалерите на Арсенал се победници на Комјунити Шилдс, натпреварување кое се смета за англиски Суперкуп, победувајќи го пред празните трибини на „Вембли“ актуелниот шампион Ливерпул по подоброто изведување на пеналите 6:5 откако.

Во регуларниот тек дуелот меѓу победникот во првенството и освојувачот на националниот куп заврши без победник 1:1. Арсенал поведе во 12 минута преку Пјер Емерик Обамејанг, а Ливерпул големата надмоќ во второто полувреме ја круниса со погодокот на Јапонецот Такуми Минамино во 73 минута, а херој на мечот беше голманот на лондонскит „Топчии“ Мартинез кој одбрани два удара од близина на Садио Мане.

При изведувањето на пеналите единствено не реализираше младиот играч на Ливепрул, Рајан Бревстер, додека во последната серија прецизен беше Обамејанг.

За Арсенал ова беше 16-та титула во ова натпреварување, додека Ливепрул остана на 15, а ова е втора година по ред да се поразени во мечот за Суперкупот. Минатата година Ливепрул исто така беше поразен по пеналите со 4:5 од Манчестер Сити, откако во регуларниот дел немаше победник 1:1. Рекордер во титулите во Комјунити Шит е Манчестер Јунајтед со 21.