Арсенал ќе го добие Иско, а Реал (М) ќе добие 20 милиони евра и Казорла

238

Англиските медиуми потврдија дека пред неколку дена менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер имал работен состанок со клупските челници и за време на истиот, менаџерот на „топчиите” побарал под итно да биде испратена официјална понуда за крилниот напаѓач на Реал (М), Иско.

Репрезентативецот на Шпанија е проценет на 30 милиони евра, а таквата парична сума претставува голем проблем за челниците на Арсенал.

Големата желба на Венгер може да биде реализирана само доколку „кралскиот клуб” ја прифати паричната понуда на Арсенал од 20 мил. евра, но во истата ќе бидат понудени и услугите на шпанскиот интернационалец Санти Казорла.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.