Арсенал ќе понуди 26 милион евра за Гундоган

Од ден на ден, се’ поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец од редовите на Борусија од Дортмунд, Илкаи Гундоган.

Иако има договор со популарните „милионери“ до 2015 година, таткото на Илкаи, кој истовремено е и негов агент пред неколку недели потврди дека во игра е и опцијата, неговиот син да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок.

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој што покажа интерес за 23-годишниот играч за врска, а англиските медиуми се убедени дека раководните лица на популарните „топчии“ на стартот од летниот преоден рок ќе испратат официјална понуда за репрезентативецот на Германија, не помала од 26 милиони евра.

Слична таква понуда, а можеби и поголема би требало да испратат раководните лица на Реал (М) и Манчестер Јунајтед, а можно е Гундоган да ги следи стапките на тимскиот колега, полскиот интернационалец, Роберт Левандовски кој на стартот од летниот преоден рок ќе биде претставен како најнова аквизиција на Баерн (М).